НАТО препорача АРМ да ја чуваат приватни агенции

Mинистерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во интервју за Инбокс7 вели дека идејата приватни агенции да ги чуваат касарните е препорака од НАТО.



„Ова е идеја на која и давам целосна поддршка од моментот кога влегов во министерството. Сите генерали, двата генералштаба кои постоеја во овие две години, НАТО советниците, претставниците на НАТО…велат – трошите скапи ресурси за работа која не би требало да ја вршат професионални војници во армијата. Чувањето на касарните не е примарно воена задача и најголем дел од искуствата се дека тоа го прават некои друг тип на агенции“, вели Шекеринска.

Таа додава дека се размислува и за формирање на државна агенција во која би работеле војниците по 45-годишна возраст и тие би ја вршеле таа дејност, пренесува Фактор.мк.