Коментирајќи го потпишувањето на Протоколот за пристапување во НАТО, српскиот историчар Александар Животиќ смета дека тоа на долг рок не ѝ гарантира на Македонија внатрешна стабилност, имајќи ги предвид тензиите меѓу Македонците и Албанците.



„Можеби може до една извесна граница да ги амортизира и практично да ги канализира во одреден правец, но на подолги патеки – тешко. Едноставно, станува збор за едно движење кое на извесен начин дејствува плански, а на извесен начин стихијно. И тешко дека НАТО тоа може да го држи под контрола во смисла дека тоа движење ќе биде обрабено онака како што би ѝ одговарало на Македонија, односно на оној начин на кој би гарантирал пред сè внатрешна стабилност“, изјави Животиќ во опширниот прилог на Радиотелевизија на Србија (РТС).