Лидерите на членките на НАТО на итно свикан состанок ќе заседаваат за труењето на рускиот опозиционер, Алексеј Навални.
Лидерите на западните земји бараат со денови конкретни одговори од Кремељ на тврдењата и доказите од германските лекари според кои во крвта на Навални изолирале нервен гас – новичок.
Новичок се поврзуваше и со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.
Москва ги отфрла тврдењата дека има врска со труењето.
Итен состанок на лидерите на НАТО ќе почне, како што наведуваат странските медиуми, со краток брифинг на германските лекари во 12.30 часот по бриселско време, а потоа ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. (Макфакс)





