НАТО ќе го зголеми присуството на Косово ако…

НАТО ќе ги зголеми своите мировни сили во Косово доколку дојде до ескалација на тензиите со соседна Србија, изјави во средата ген-секот на Алијансата, пред разговорите меѓу Приштина и Белград со посредство на ЕУ, пренесоа агенции.



„Сега имаме значајна мисија, военото присуство на Косово е близу 4.000 војници“, рече Јенс Столтенберг на прес-конференција по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

„Доколку е потребно, ќе придвижиме сили, ќе ги распоредиме таму каде што е потребно и ќе го зголемиме нашето присуство. Веќе го зголемивме нашето присуство на север. Подготвени сме да направиме повеќе.

Тензиите меѓу Србија и Косово се разгореа овој месец кога Приштина рече дека ќе ги обврзе Србите кои живеат во северно Косово, кое е поддржано од Белград и не ги признава косовските институции, да почнат да ги користат табличките на автомобилите издадени од Приштина.