Земјите од регионот се соочуваат со недостиг на воени пилоти и од тие причини, министрите за одбрана на неколку земји потпишаа писмо за намери за формирање на заеднички центар за обука на пилоти и екипажи за беспилотни летала, дознава порталот „Балканска мрежа за безбедност“,
Ова писмо со намери го потпишале, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција.
Според порталот тоа би можело да биде економично решение за тој проблем, затоа што преку заедничка мрежа, тие земји би можеле да ги нудат своите ресурси на други земји кои ги немаат или кои не се доволни за сите видови обука.
Заедничкиот проект е наречен пилот-центар за обука на НАТО, а покрај балканските земји, писмото за намери беше потпишано и од Чешка, Португалија, Шпанија и Турција.
Мрежата ќе ги поврзе националните центри, т.е. училишните авијациски единици и институциите за теоретска обука со сите заинтересирани членки на НАТО, а планирана е и размена на луѓе за обука на пилоти со управувани авиони и беспилотни летала.




