НАТО ја почитува одлуката на Србија да не влегува во Алијансата

НАТО силно ја поддржува и почитува одлуката на Србија да не влегува во алијансата, изјавил генералниот секретар Јенс Столтенберг.



„Тоа е суверена и независна одлука на Србија, а НАТО апсолутно ја почитува, исто како што ги почитува одлуките на Шведска и Финска, кои се наши блиски партнери, но не влегоа во НАТО“, истакнал Столтенберг, пренесува Новости.рс.

Генералниот секретар рече дека НАТО никогаш не принудил ниту една земја да се приклучи на воената алијанса. С

Столтенберг истакна дека клучната улога на НАТО во Косово е да го поддржи политичкиот дијалог и да им дозволи на сите заедници слободно да се движат.