Наташа Котлар за Гоце Делчев и за „овчите глави“

(…)



Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже збор да стане за пaзaрење околу него. Сето ова што ни се случува, е гротеска, вистинита и апсурдна до болка!

А, Гоце Делчев, овој Македонец од Кукуш, без да знае што ќе му се случува во иднината, на еден современик, пророчки му забележал:  

„Овчка главо, запомни дека пред оние, на кои им ја должиш можноста да го напишеш своето име – ч о в е к, треба да стоиш без капа и кога ги пцуеш!“ Тој е емaнaцијa на македонската историска врвица и на македонската ослободителна борба! Негoвa идејнoст – oслoбoдувaњетo дa биде сo сoпствени мaкедoнски сили, стaнa иницијaцијa и нa бoрците oд НOБ и нa АСНOМ! Зaтoa е тoлку „бaрaн” oд дoбрите нѝ сoседи, зa дa се зaсени и уништи мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa и достоинство, историја, јaзик и културa!

Делчев и неговите соборци, потоа, борците од НОБ или оние од претходниот период – браќата Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, цар Самуил, Прличев, браќата Миладиновци и други личности, за македонската историја, се значајни од аспект на нивната дејност во градењето на македонскиот историски корпус. Тоа е содржина која се темели на амалгамот, на симбиозата меѓу народот и просторот, во една вертикална оска, која се движи од праисторијата, антиката, средновековието, новиот и современиот период. Затоа, вратете се на политичкиот мегдан, но умно и писмено, без егзебиции! За историските прашања, нормално е да постојат различни мислења, толкувања и ставови во науката.Тие и се во нејзиниот домен и не треба да бидат предмет на какви било политички преговори или договори!

Извадок од колумна на професорката Наташа Котлар