Професорката од Институтот за национална историја, Наташа Котлар, денеска на Фејсбук потсеќа на 126 годишнината од раѓањето на смртта на преродбеникот и поетот Григор Прличев овенчан со лаворов венец за најдобра поема во 1860 г. токму во Атина, седиштето на грчкиот крал, Отон I Баварски.
„Додека, Димитровата нација од денес „е многу посилна“, а Заевата честита и се чувствува гордо во врска со потпишувањето на протоколот за членство во воениот сојуз НАТО, јас, мојот народ го потсетувам на една многу позначајна тема од македонската историја“ пишува Котлар.
„Иако, Прличев (1830–1893), твори во едно балканско, матно време, што влијаело на неговата свест и судбината, во поезијата, тој не страда од национални предрасуди, така што, може да се рече дека е поет на целиот Балкан, кој при сета драма во животот, барем во поезијата навестува меѓу првите и една балканска филозофија за опстанок.
Поаѓајќи од ова, сè појасна станува и определбата дека Г. Прличев е охриѓанец, османлиски поданик, грчки воспитаник, бугарски воспитувач и уникатен македонски родољубец и општественик.
Во споменатово време и средина, Прличев пишува романтичарски и болно, борбено и со нови занеси, наспроти актуелните големци и моќници на политичката и на црковната власт.
Прличев ја предводи борбата на охридското граѓанство против
Цариградската патријаршија и погрчувањето, кое таа во тоа време го спроведувала
како призната црковна власт.
Се барало своеродно свештенство и богослужба, како и воведување на македонскиот
народен јазик во училиштата.
Прличев нема срдечени релации ни со предводниците на бугарската преродба, ни со
претставниците на Бугарската егзархија (1870) како призната нова црковна власт
во османлиската држава.
Последната деценија од својот живот (1883-1893) како егзархиски учител во Солунската гиназија „Св.Кирил и Методиј“ го посветил на македонската младина, односно тој е воспитувач на револуционерната и на илинденската генерација: Пере Тошев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Крсте П.Мисирков и др.
Има уште многу што да се напише за прекрасниот творечки и интелектуален гениј на македонскиот XIX век – Григор Прличев, авторот на „Сердарот“, „Автобиографијата“, кратката словенска граматика, песната „В хилјада и седумстотин шездесет и второ лето“, бројни поучни слова и детски песни.
Прличев има многу кажано и напишано за „Крајот и народот што го родил и го воспитал“, но во оваа прилика ќе се определувам за неколкуте редови од неговата необјавена песна „Охридскиот џган“, која просто неверојатно звучи актуелно и современо!
„…Оној што целиот (град) го управува…
Изгледа дека е најлошиот и сега и порано,
И поголем пријател го смета оној
Кој место својата татковина…
…. ги поднесува срамните болни амбиции?
И секогаш ли во него ќе царува злото?
Секогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?
Страдања, расцепи големи, расправии, групации?
И големи ползења и штетни ласкавости?
Ниски демагози, Садукејски банди?
Лудости и безумности!!!….
…На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,
И на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?
Место што требаше ним да им го свртиме грбот,
Без да гледаме со гостољубив поглед,
Место што требаше од куќите да ги изгонеме со дрво,
Како што готвачите го гонат кучето од кујната,
Ние ги запознавме со жената и сестрата ни,
И на тој начин ја употребуваат нашата скапоцена чест.
Не можам да ги разберам изворот и причините,
На ваквата општа парализа на Охрид…
…Несреќа! Царува кај сите морална расипаност,
И кај никого не постои ни најмала разлика.





