Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ја освојува општина центар со професорката Наташа Котлар, коалициски кандидат од редовите на Глас за Македонија.
„Да, можам да ја потврдам информацијата. Проценив дека сега е моментот да се направи нешто за мојата општина Центар и затоа влегувам во трката за градоначалник, изјави за „Скопско Ехо“ Котлар.
Во однос на некои други кандидати кои излегоа во јавноста, според информациите на „Скопско Ехо“ дефитивна одлука се уште не е донесена кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје. Во моменотв како фаворит се смета Данела Арсовска, иако уште во комбинација е и поранешниот градоначалник Коце Трајановски.







