Наставник по физичко фатен со „бело“

дознава Фокус. 54-годишен прилепчанец со иницијали В.А. инаку наставник по физичко во основно училиште во Прилеп вчера бил фатен со дрога и приведен во полициска станица.



„На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола ,надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В. А.(54 )од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава“, информираа од полицијата.

Н еодамна, во полициска акција за разбивање на мрежа на дилери беше уапсена наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Аеродром, која била вклучена во продажба и производство на амфетамини.