Наспроти 58 отсто од граѓаните, Ковачевски сигурен дека в година „нашата држава ќе продолжи да напредува“ (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски има спротивно мислење од 58 проценти од граѓаните кои во неодамнешната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) оценија дека Македонија се движи во погрешна насока, порачувајќи им дека е сигурен оти „нашата држава“ во новата година ќе продолжела да напредува.



„Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Јас и моето семејство ви посакуваме многу радост, добро здравје и спокој.

Во новата 2023 година продолжуваме уште подобро и уште поодлучно за сигурна и европска иднина.

Сигурен сум дека наредната година нашата држава ќе продолжи да напредува и да ги остварува целите. Платите и пензиите ќе продолжат да растат, а ние продолжуваме и понатаму со нови инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите.

Среќни празници, да сте живи и здрави!“, вели Ковачевски во новогодишното обраќање.