Порталот Инфомакс објавува дека обвинителот на поранешното СЈО, Трајче Пеливанов на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми.
Против Муареми суспендираната Русковска води предистрага за случај во кој станува збор за уцена и рекет кон бизнисмени кои го пријавиле случајот.
Сега токму Пеливанов ја менува Русковска на чело на обвинителството за организиран криминал.
Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ја раководи со оваа институција.
Како што дознава Инфомакс на дента на фамозниот претрес во Финансова полиција обвинителот Трајче Пеливанов бил во кафеана со тогашниот директор на Финансовата управа, Арафат Муареми и Љуљзим Јашари инспекторот на Финансова кој бил десна рака на директорот во сомнителната шема.
Споменатите биле забележани во ресторанот „Стара градска куќа“ истиот ден додека траел претресот.
Инфомакс стапил во контакт со обвинителот Трајче Пеливанов кој директно бил прашан за што разговарал со Муареми и Јашари додека неговите колеги вршеле претрес во институцијата со која раководи токму Муареми.
На прашањето Пеливанов не одговорил, а потоа тој по телефон во кус разговор соопштил дека е гужва и дека не може да разговара.
Два дена по разговорот, Инфомакс се уште не добил одговор за што се разговарало на средбата.
Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Токму СЈО заврши неславно откако неговата Шефица Јанева беше фатена во мега криминал со аферата „Рекет“, а потоа се испостави и дека вработените во обвинителството си давале незаконски бонуси од буџетот на Република Македонија вредни илјадници евра.
По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра.
Извор Инфомакс






