Името на идниот британски премиер ќе биде објавено на 5 септември, пренесе АП.
Агенцијата прецизира дека на овој датум ќе бидат објавени резултатите од изборот за нов лидер на Конзервативната партија.
За наследниик на Борис Џонсон веќе има 11 кандидати.
За да може да учествува во трката за лидер на партијата, секој кандидат мора да добие минимум 20 гласови за поддршка од 358-те пратеници на партијата.
Борис Џонсон се повлече од партискиот лидер, но ќе остане на функцијата премиер додека не се избере наследник.






