Во инцидент со употреба на физичко насилство денеска во Струга настрадал претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски.
Според полициски извори во Струга Влајнкиноски бил нападнат додека седел во кафуле во овој град.
Напаѓачот кој употребил физичко насилство е близок роднина на градоначалникот на Вевчани во заминување Сашо Јанковски кој според очевидци физички го нападнал претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани како последица на изборната кампањата по која Јанковски заминува од градоначалничката позиција.
Лицето кое го извршило нападот е шура односно брат на сопругата на Јанковски и важи за еден од најгласните активисти на СДСМ во Вевчани.
Инцидентот е пријавен во полиција а Влајнкиноски во моментов е во струшката болница, потврдуваат членови на неговото семејство.





