Двајцата насилници кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка во Штип и го снимаа насилството од 30 јуни се на слобода и ќе останат до 1 септември, потврди директорот на кумановскиот затвор Марјан Спасовски за ТВ 24.
Тие се осудени до 2,5 години затвор и во кумановскиот затвор беа во притвор до издржување на казната од 2,5 години. Но, поради уредбата на Владата со која на осуденици до 5 год до 1 септември им е прологирано одржувањето на казните поради корона кризата – тие се на слобода.
„Немаше законски основ да останат во притвор,бидејќи поминаа законските 60 дена за притвор, а судија за извршување санкции не даде упатен акт каде ќе треба да ја служат казната. Со пандемијата се отвори правна дупка и тие ја искористија”, изјави за ТВ 24 Спасовски.






