Професорката Мирјана Најчевска не штедеше изрази со кои го „почести“ на Твитер новиот, технички премиер Талат Џафери, кој веднаш по примопредавањето на функцијата замина во ресторан на плоштадот „Македонија“, каде што остана паркиран службениот „мерцедес“ во зона строго забранета за возила.
„Еве, ова е тој насилен примитивизам на исфрустрирани џепароши во служба на мафијата. Овие луѓе сигурно нема да нè однесат во Европа. Може да нè однесат само во некоја недојдија на крајот од никаде, заглавена во времето и отфрлена од цивилизацијата“, коментира Најчевска.
„Да се разбереме. Не ми пречи Талат за премиер затоа што е Албанец. За мене етничката припадност е општествен конструкт кој треба да биде напуштен. Ми пречи тоа што е припадник на партиско/етничката мафија која нè влече долу во калта на криминалот, неписменоста и примитивизмот“, објасни таа во претходен твит.





