“Нашето име е Македонија” се сели од улица на интернет

Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада заполнува со акција во која сите постери, билборди и налепници на движењето од улиците и плоштадите треба да се постават на социјалните мрежи.



Акцијата има за цел да се изврши јавен притисок на властите во Македонија да не дозволат промена на уставното име која што се најавува за десетина дена.

“Еден пријател беше во #Охрид и ми ја прати оваа фотографија. Каде и да видите постери, билборди и налепници со пораката #НашетоИмеЕМакедонија фотографирајте ги и закачете ги на социјалните мрежи. Тагирајте ме мене и @mhrmi. Обединети во одбрана на #МАКЕДОНИЈА”, напиша на социјалните мрежи лидерот на ММДЧП Бил Николов.

Ова движење е една од најагилните македонски организации во дијаспирата која ги поддржува патриотските групи и поединци кои се противат на промената на уставното име на Македонија.

Во последниве неколку години особено пред и по референдумот за името во 2018 година ММДЧП постави дузина билборди и залепи десетици илјади постери низ цела земја со кои апелираше против промена на името Република Македонија.