Д-р Томче Рунчевски, од наредната година ќе биде ангажиран од американската вселенска агенција НАСА да го води тимот кој истражува дали на Титан, еден од сателитите на планетата Сатурн, има живот.



Титан е единствено тело во Сончевиот Систем (покрај Земјата) што има густа атмосфера, дожд, езера и мориња. Таму, можно е да постои живот или, пак, дека живот постоел во минатото или ќе се создаде во иднина, вели, професорот на Јужнометодистичкиот универзитет (ЈМУ) во САД, каде што води катедра и истражувачка група за физичка хемија.

НАСА го ангажирала Рунчевски со својот тим да направи предистражувања за мисијата во 2026 година.

„Во 2026 НАСА ќе го испрати роверот „Драгонфлај“ (Dragonfly), кој ќе помине околу 3 месеци на површината на ова тело. Роверот ќе се движи по цврстата подлога, а и ќе лета во атмосферата, притоа собирајќи и анализирајќи податоци. Целта на мисијата ќе биде подобро да ја проучи структурата на оваа месечина, особено со надеж дека ќе ја разјасни дилемата дали е можен живот на Тита“, вели Рунчевски во интервју за „Факултети.мк“.