Насер Зибери станува народен правобранител!?

Кандидатот на ДУИ за иден премиер, ќе стане Народен правобранител, неофицијално дознава тв 21.



Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј втор 8.годишен мандат истекува во декември 2020.

Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети на оваа позиција дојде во 2004, а во 2012 мандатот му беше продолжен за уште 8 години.