Поради технички проблеми на ракетата наречена „Артемида“, американската вселенска агенција по втор пат го одложи лансирањето.
Инженерите повторно забележале гориво кое истекува и неколку часа се обидуваа да го санираат проблемот со ракетата, што денеска требаше да биде лансирана од космодромот Кејп Каневерал.
Ова е втор неуспешен обид за лансирање на ракетата, откако на 29 август беше стопирано лансирањето поради проблеми со сензор на моторите и истекување на гориво.







