Огромен „потенцијално опасен“ астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската вселенска агенција НАСА.
Астероидот во облик на јајце наречен „4660 Nereus“, долг 330 метри, ќе влезе во орбитата на Земјата со брзина од 23.700 километри на час.
Се очекува астероидот да помине на одредено растојание до Земјата, но сепак ќе биде поблиску отколку што бил некој астероид во последните 20 години.
Нереус, ќе биде оддалечен околу 3,86 милиони километри, што е околу 10 пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината, пишува порталот Live Science.
„Астерант“, база на податоци што следи повеќе од 600.000 астероиди, проценува дека астероидот содржи никел, железо и кобалт во вредност од 4,71 милијарди долари.






