Спектакуларна фотографија од вселената на која се гледа структура од ѕвезди која наликува на украсена елка, објави НАСА.



Оваа фотографија позната и како „Кластерот на Божиќното дрво“, покажува облик на космичка елка со сјај на ѕвездени светла. Се работи за кластер од млади ѕвезди – со возраст од околу еден и пет милиони години кои се во нашиот Млечен Пат, оддалечен околу 2.500 светлосни години од Земјата.