Истрагата на НАСА за стотици наводни забележани појави на НЛО (Неидентификувани Летечки Објекти) не најде докази дека зад необјаснетите појави стојат вонземјани, но американската вселенска агенција исто така не можеше да ја исклучи таквата можност.



Ако вистината е таму надвор, овој долгоочекуван извештај не нуди убедливи докази, пишува Би-Би-Си.

Но, во извештајот се истакнува дека НАСА ќе ги стражи „Неидентификуваните аномални феномени UAP (Unidentified Anomalous Phenomena) со подобрена технологија и вештачка интелигенција.

Извештајот се состои од 36 страници со прилично технички и научни набљудувања, а на последната страница од извештајот се наведува дека нема причина да се заклучи дека вонземски извори стојат зад стотиците забележани UAP што НАСА ги истражуваше.

Иако извештајот не заклучи дека постои вонземски живот, НАСА не ја исклучи можноста „потенцијално непозната вонземска технологија да делува во атмосферата на Земјата“.

Никола Фокс, администраторка на Дирекцијата за научна мисија на НАСА, рече:

„UAP се една од најголемите мистерии на нашата планета“, најмногу поради недостатокот на висококвалитетни податоци.

И покрај многуте пријавени видувања на UAP, Фокс рече дека обично нема доволно податоци што може да се користат за да се донесат дефинитивни научни заклучоци за нивната природа и потекло.