Научниците потврдија дека траекторијата на вселенската карпа широка 160 метри, позната како Диморфос, била променета кога сондата „Дарт“ удрила во неа.



НАСА „бомбардираше“ астероид за да му го смени правецот

Експериментот се одржа на оддалеченост од речиси 11 милиони километри од Земјата.

Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиниот обид да го пренасочи патот на астероидот бил успешен.

Мисијата беше замислена да тестира потенцијална стратегија за одбрана на Земјата од заканувачки вселенски објекти.

Успехот на сондата „Дарт“ докажува дека таквата идеја би можела да функционира, под услов да биде лансирана доволно рано и целта да не е преголема, јавува Би-Би-Си.

„Оваа мисија покажува дека НАСА се обидува да биде подготвена за потенцијални закани од вселената. Верувам дека НАСА се покажа како сериозен бранител на Планетата“, изјави администраторот на агенцијата Бил Нелсон.