Народот се крева против ,,Рудниците на смртта”

Во акцијата со име ,,ПРОТЕСТНА БЛОКАДА: ЗАЕДНО ПРОТИВ РУДНИКОТ!”, повеќе невладини организации и граѓани повикуваат на протест против таканаречените ,,Рудници на смртта” кои со одлука на владата на СДСМ и ДУИ наскоро треба да проработат во струмичкиот регион.



Во повикот се најавува дека в сабота во Струмица ќе се случи голем протест на кој се повикани сите што се против контроверзниот план одобрен од премиерот Ковачевски.

,,Почитувани жители на Македонија, соборци, сограѓани, без разлика на пол, вера, социјален статус, политичка и било каква друга определба, на Струмичката Котлина ѝ се заканува грозоморно убиство! Со последниот потег на корумпираните судови и Владата, рударските корпорации се на чекор да го отворат геноцидниот и екоцидниот проект рудникот „Иловица-Штука“!

После алармантната вест за спојувањето на концесиите, реакциите на здраво-разумните Луѓе не стивнуваат! Нивниот и нашиот став е кристално јасен – ќе се бориме до крај!

Во знак на протест на неразумната одлука, ве повикуваме СИТЕ ЗАЕДНО да го изразиме нашиот револт за да ја одбраниме Струмичката Котлина, (нејзините животоносни продукти, а со тоа и цела Македонија!) од алчните злосторници и нивните соработници, кои со отворањето на рудникот, подмолно и беспоштедно сакаат да нѝ ги отрујат трите основни извори за живот: водата, почвата и воздухот! А тоа води до трајно исселување од нашите огништа и засекогаш да ја напуштиме нашата котлина преполна со живот!

Затоа, ги повикуваме сите поединци, граѓански здруженија, спортски, велосипедски, планинарски, моторџиски и разни организации од Струмичката Котлина, од Југоистокот и од цела Македонија на ПРОТЕСТНА БЛОКАДА во Струмица!

Блокадата ќе се одржи на 15 јули, (сабота) со почеток во 11.00 часот, на раскрсницата на центарот во Струмица веднаш до градскиот пазар „Глобал“.

Време е да ја земеме судбината во свои раце и јасно да им ставиме на знаење дека никаков рудник за злато и бакар нема да има во Иловица-Штука!

Татковината се брани активно со дела!”, стои во повикот за протест на кој граѓаните се повикуваат да учествуваат во одбрана на струмичката котлина.

Линк до повикот од ,,Здрава Котлина”

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid04Qdm27vvMjgrAPJE6rc9hFVu8KTp6kYYHJHHPrCfTYdzVaVzNrZTprfR5GMfTJm9l&id=100070108578053&mibextid=Nif5oz