Народот едвај крпи крај со крај, ама премиерот рече дека го штителе стандардот на граѓаните и ја развивале економијата

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од неколку стопанственици се прошета во една компанија од Кочани, специјализирана за откуп, преработка и пласман на ориз. Компанијата од Кочани се квалификува како корисник на владините мерки во рамките на Програмата за рурален развој за поддршка на откупувачите и преработувачите на бел ориз при трошоците за амбалажа и за откуп наменет за извоз.



  • Будно ја следиме состојбата уште од првиот ден на енергетската криза, која очекувано беше дека ќе предизвика и ценовен раст на храната. Нашата цел е да го заштитиме стандардот на граѓаните, но истовремено и ликвидноста на компаниите. За нас се сите важни, и граѓаните и стопанството, изјави премирот.

Премиерот потенцираше дека се направени корекции на цените на зеленчукот и овошјето, ама на терен тоа никако да го видат граѓаните. Тој најави дека контролите на инспекциите во врска со цените и пласманот на прехранбените продукти ќе продолжат, а дека ќе се носат мерки за непречено снабдување на граѓаните.

Премиерот Ковачевски се осврна и на мерките за поддршка на нашето производство на храна. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски изјави дека поддршката за оризопроизводителите и оваа година била исплатена навремено и неселективно. Во февруари се исплатиле субвенциите за полјоделски култури, меѓу кои и оризот пришто со поддршка се стекнаа оризопроизводителите.