Никој не сака да го јаде говедскиот месен нарезок од остатоците на Народна банка.
На огласот за донација на 75 конзерви со тежина од 150 грама не се јавила ниту една домашна или странска фирма ниту, пак, граѓанска организација, дознава Плусинфо.
Невообичаениот оглас на Народна банка, предизвика хумористични реакции и стана интересен за објавување и за медиумите од соседството.
Оглласот траеше 5 дена, а на него никој не се јавил.
На конзервите им истекува рокот на траење, па банката доколку никој не се јави и на тој оглас, ќе треба да ги уништи.
За ваквата смешна ситуација во која се најде Народната банка е виновна една поранешна одлука на Централната банка која требаше да обезбеди транспарентност во работењето. Според неа, за секоја донација, и најмала, Банката мора да објави јавен оглас.






