Наредната недела ќе се знае дали Лавров ќе дојде во Скопје?

Се процесираат апликациите и во наредните денови, очекувам некаде до среда-четврток, да имаме конечна одлука.



Ова го изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ во Скопје ќе учествува и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров. 

Лавров бара да дојде на состанокот на ОБСЕ во Скопје, но…

Се’ уште не е дефинирано кој ќе ја предводи делегацијата на Русија на состанокот на ОБСЕ, со оглед на затворениот воздушен простор кај нас и во соседните земји за високите претставници на руското МНР. 

На 30. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржува од 29 ноември до 1 декември во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе учествуваат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ и се очекуваат 1000 гости во делегациите.