Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, основач на Кардиохирургија и познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, добил наредба – до утре да ја напути канцеларијата во Кардиохирургија.

Тој во јуни беше разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија, а таквата одлука ја донесе министерот за здравство Фатмир Меџити, со изговор дека д-р Јовев дежурал двапати без согласност од министерот.
Кога беше донесена ваквата одлука Јовев бил на боледување. Вели дека освен партиски побуди, други причини за одлуката нема бидејќи резултатите од работата самите по себе говорат.
Сега со нова „Наредба“ испратена на 10 август, на д-р Јовев му е дадена наредба до понеделник да ја напушти канцеларијата или во спротивно ќе бидат преземени други мерки.
Наредбата е потпишана од новиот в.д. медицински директор, Марјан Шокаровски.







