Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски ја коментира изјавата на премиерот Заев според која граѓаните кои нема да го користат зборот Северна ќе бидат казнети.

Со тоа Македонија според професорот кој нема партиски или политички афилијации се повеќе наликува на Северна Кореја каде систематски се врши притисок на лични ставови и основни човекови права.
“Нарцисоидново диктаторче (пази му речник „според мене”) ќе казнувало граѓани и све остало кои нема да користат „северна”. Да драги мои, се повеќе наликуваме на Северна Кореја. Режимов преминува у фаза опресија на мисла и репресија на човекови права”, пишува Кирјаковски за изјавата со која Заев ја отфрли резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за одбрана на националните идентитетски позиции.






