Скопското основно обвинителство покрена истрага против 37-годишна скопјанка и 29-годишен скопјанец кои преку Интернет набавувале дрога од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки, објави Плусинфо.
„На аеродромот во Франкфурт, Германија, царински службеници заплениле поштенска пратка – хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. Пратката содржела амфетамин, па по воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година. На осомничената и била доставена на домашна адреса.
На 15 септември полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со наркотична дрога марихуана. При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една полиетиленска ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци од марихуана“, информираат денеска од Јавното обвинителство.
Доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничената, се наведува во соопштението.







