Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид 19.
Од нив во Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по еден.
Во изминатото денонокие нема починати, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови на 29.04.2022 година.
Регистрирани се 87 оздравени пациенти.






