Дедомразовска трка во која учесниците облечени во црвени костуми ќе трчаат низ улиците на Скопје ќе стартува денеска во 12 часот пред „Скопје сити мол“.
Патеката е долга два километри, а учесниците на различна возраст треба да се претходно пријавени НА веб-страницата www.prvdovrv.mk .
Тие добиваат целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.
„Трката има забавен и натпреварувачки карактер и може да се пријават учесници од сите старосни групи. За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место“, соопшти организаторот Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ .
Пред и по трката ќе има музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.






