Идентитетот на напаѓачот во Виена е потврден и тоа е Куртин С. чии родители се Албанци од С.Македонија, објави уредникот на Фалтер, Форијан Кленк, пренесува Ројтерс.
Роден е во 2000 година во Виена и е еден од 90-те Австријци спречени да одат во Сирија во јули.
Наводно, главниот осомничен за нападот во Виена ја објавил својата намера на Инстаграм, пишува германски Билд.

Бројот на загинатите во синоќешниот напад во Виена се зголеми на четири утрово, пренесува Танјуг.
Како што потврди Министерството за внатрешни работи, жена на возраст од 40 до 50 години почина утрово на клиника.
Во нападот загинаа две жени и двајца мажи.
Покрај цивилите, еден напаѓач кој имал автоматска пушка, пиштол и мачета. бил убиен од полицијата, соопшти градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг,пренесе Ал џезира.
„Тоа укажува на тоа дека тој се подготвувал за овој напад“, додаде тој.
Австрискиот министер за полиција Карл Нехамер рано утрово изјави дека напаѓачот е симпатизер на Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ).
Напаѓачот кој беше убиен за време на терористичкиот напад во Виена беше симпатизер на ИСИЛ, објави рано утрово министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер.
„Напаѓачот, кој беше убиен, имаше автоматска пушка со себе и беше симпатизер на ИСИЛ“, рече Нехамер на прес-конференција.





