Најмалку пет лица се убиени, а десетици други се повредени во Тексас, откако биле застрелани од вооружен напаѓач кој стрелал од возило.
Осомничениот напаѓач е убиен за време на апсењето.
Полицијата од Одеса изјави за медиуми дека пет лица се убиени, а 21 повредени.
Градоначалникот на Одеса Дејвид Тарнер за „Фокс њуз“ изјави дека напаѓачот е убиен.





