Најмалку десет лица, меѓу кои и еден полицаец, се убиени во престрелка во канадската провинција Нова Шкотска.
Напаѓачот е мртов, а полицијата откри дека станува збор за 51-годишниот Габриел Вортман, кој носел униформа на Кралската канадска планинска полиција (РЦМП) и користел возило со нејзини ознаки.
Во текот на 12-часовниот поход тој пукал на неколку локации низ провинцијата, а полицијата соопшти дека сè уште утврдуваат колку точно луѓе се убиени.
Злосторот почнал во малиот приморски град Портопик, оддалечен 130 километри од Халифакс.
Ова би можело да биде едно од најлошите масовни убиства во Канада по масакрот во Монтреал во декември 1989 година.





