Нападот врз Русија создава нов поредок: Воспоставена е „нова голема осумка“

Западните санкции против Москва доведоа до формирање на „новата голема осумка“, група на нации кои не воведоа санкции и ја надминуваат Г7 за 24,4 отсто во однос на паритетот на куповната моќ, истакна денеска преку „Телеграма“ претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин.



– Потегот на Вашингтон и неговите сојузници да ги прекинат економските врски создаде нови точки на раст во светот – рече Володин, пренесува „Новости.рс“ повикувајќи се на агенцијата ТАСС.

Володин кажа дека „САД всушност формираа нова голема осумка“, во која заедно со Русија има земји кои не воведоа санкции кон Москва – Кина, Индија, Индонезија, Бразил, Мексико, Иран и Турција.

– Потсетуваме, на сила е шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација, кој вклучува делумно ембарго за извоз на руска нафта во ЕУ, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од SWIFT, забрана за три руски медиуми во ЕУ и проширена листа на санкционирани лица – пишува „Новости.рс“.

Заменик министерот за надворешни работи на Полска, Павел Јаблонски, неодамна потврди дека веќе се подготвува нов, седми пакет санкции.

– Санкциите треба да бидат уште поостри. Што се однесува до гасот, Русија сè уште може да го продава. Во контекст на исклучување на сите руски банки од системот SWIFT, првенствено е на ум Газпромбанк – рече тој.

Јаблонски додаде дека е неопходно да се воведе ембарго на технологии кои се уште можат да се испорачаат во Русија за примена во индустријата на таа земја.

Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари. Претседателот Владимир Путин рече дека нејзината цел е „да ги заштити луѓето кои осум години биле изложени на геноцид од режимот во Киев“. Според Министерството за одбрана на Русија, на 25 март вооружените сили на Руската Федерација ги извршиле главните задачи од првата фаза – тие значително го намалиле борбениот потенцијал на Украина.