Нападнатиот од пчели, ќе ги донира 15-те илјади евра оштета

Васко Паскали кој во 2014 година бил нападнат од рој пчели и за што Основниот суд во Охрид донесе пресуда според која пчеларот треба да плати оштета од 15.000 евра, дека парите ќе ги донира, објави Охрид 1



Според пресудата пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати отштета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Во образложението на Судот стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете.

За случајот Паскали вели:

„…о оглед на тоа дека судската разрешница за немилиот настан кој можеше да заврши трагично, кога на самиот булевар се истури рој пчели врз моето пет месечно бебе е после 8 години од слученото кривично дело, јасно е дека обвинетиот вршеше притисоци врз мене за да ја повлечам кривичната пријава, а исто така вршеше притисоци и на припадници на органите на прогон па поради таа причина е одолговлечена целата постапка.

Воедно ја информирам јавноста дека не се работи за правосилна судска пресуда, туку за пресуда на Основниот суд во Охрид со редовен правен лек односно право на жалба до Апелациониот суд во Битола.

Како што напоменав дека постапката сеуште нема правна завршница и дека без оглед на исходот од постапката досудениот износ за надомест на штета ќе биде дониран на здруженија на деца со ретки болести и посебни потреби“, вели Паскали.