Нападнатата полицајка во Струга ја нема во билтенот на МВР

Само две недели по скандалот со нападнатата полицајка од високиот функционер Бекир Асани, во Струга се случил уште еден таканаречен пајак случај во кој е нападната и повредена уште една полициска службеничка. Според изјавите на очевидците нападот се случил на средина на месец март во центарот на Струга.



Според она што е објавено на интернет порталите полицајката која била на службена должност реагирала на непрописно паркирање на возило “голф” во кое бил возачот.

Возачот, кој е од селото Велешта, почнал да ѝ вика на полицајката и не ѝ ги давал документите од возилото. Потоа ја навредувал и пцуел и ја истуркал кога таа сакала да го приведе.

За време на инцидентот во еден момент насилникот силно ја оттурнал со рацете полицајката, при што таа се повредила. Полицајката побарала медицинска помош во струшката болница , а на нејзино барање преку радио врска, на помош ѝ дошле колегите и го привеле насилникот.

Oд МВР велат дека е поднесена кривична пријава против лицето Б.Ж. поради постоење на сомнение за сотрено кривично дело спречување на службено лице во вршење на службени дејствија

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Б.Ж. (26) од Велешта. Б.Ж. непрописно го паркирал своето возило на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга , а прекршокот го констатирала униформирана полициска службеничка од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Струга, која на Б.Ж. му пабарала документи за идентификација. Б.Ж. одбил да ги даде документите и почнал да ја омаловажува полициската службеничка, а потоа и физички ја нападнал, соопштуваат од МВР.

За разлика од другите вакви слични случаи во кои се случил напад на полицаец, овој случај не е евидентиран во дневните билтени на МВР.