Нападнат екс соработникот на Данела што бараше помош од САД да не биде убиен од ДУИ и Арсовска

Пред 20 минути бев физички нападнат. Мојата безбедност е сериозно загрозена. На 100 метри од мојот дом се деси ова. Барам од Данела Арсовска да се изјасни.



Оваа порака ноќеска ја објавил Умејр Муамеди поранешен соработник на Данела Арсовска кој вчера предупреди дека сакаат да го убијат ДУИ и Данела Арсовска.

Муамеди приложува слика на која наликува дека има повреди на лицето.

Тврди дека е нападнат од човек близок на Арсовска.

,,Моментално сум во добра состојба, се наоѓам во државна болница, случајот е пријавен во полиција, напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела.
Утре ке го пријавам во сите амбасади. Одговорност мора да има”, стои во неговата објава.

Муамеди како и вчера бара заштита од Министерство за внатрешни работи, амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Данела и ДУИ сакаат да ме убијат, екс соработник на Арсовска бара помош од американската амбасада