Најмалку десетици профили на социјалните мрежи кои се од Виетнам го напаѓаат кандидатот за градоначалник на Карпош на ГРОМ и опозицијата во вториот круг.
За време на ТВ настап таканаречени “ботови” со виетнамски имиња а кои според Јакимовски се нарачани и платени од СДСМ на чист македонски јазик го напаѓаат Јакимовски.
“❗️Фактот што Стефан Богоев го споделува постот со кинеско-виетнамските лајкови и го препраќа по сите општински организации на СДСМ и СДММ говори дека биле подготвени за овој хакерски напад со цел да ја дискредираат моја Фејсбук кампања.
За жал нивната нечесна намера ја откривме уште во текот на емисијата и ако го следевте моето обраќање 🔴ВО ЖИВО ќе видевте дека ги известувам граѓаните за нападот на кинеско ветнамски ботови.
Очигледно коректна и фер изборна кампања им преставува голема потешкотија.👎🏻”, објави Јакимовски.
Од видеото објавено на Фејсбук јасно се гледа дека ботовите со чудни имиња го фаворизираат кандидатот на СДСМ Дупко Весковски.
Виетнамците од фармата за ботови прозбореа на Македонски јазик 🤦🏻♂️ pic.twitter.com/lVowQXySUm
— Демир (@Trollowsky) October 24, 2021






