Напад врз грчкото МНР во центарот на Атина (ФОТО)

Членови на анархистичката организација Рубикон попладнево ја нападнале зградата на грчкото МНР во центарот на Атина која е во непосредна близина на владата и неколку важни амбасади.



Во нападот се искршени прозорски стакла и со боја се офарбани делови од надворешниот ѕид.

Нападот го извршила група од десетина лица но полицијата не успеала да фати никого од напаѓачите.

Причината за нападот е грчката политика кон палестинското прашање и жртвите на војната во Сирија.