Д.С.(44) од Скопје вчера пријавил дека непознато лице фрлило експлозивна направа кон неговата куќа, по што избегало, пренесува „Опсервер“.
Од експлозијата била оштетена врата на гаража, дел од ѕидот на куќата, како и патничко возило „Фолксваген Голф“, сопственост на Ѓ.С.(72).





