Министерството за внатрешни работи на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот Илинден и ги повикува достоинствено да го прослави овој ден, како што доликува на чествување на така значаен датум од нашата историја, се вели во соопштението на МВР во кое се најавуваат ригорозни мерки.
“Министерството апелира до граѓаните, особено оние што ќе присуствуваат на организираните прослави, да го почитуваат јавниот ред и мир. Полицијата, согласно законските обврски и надлежности, ригорозно ќе реагира на сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните.
Со начинот на кој ќе го прославиме овој голем ден, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина”, пишува МВР во своето соопштение.
Во соопштението не се наведува дали МВР ќе биде ригорозно и за тие што ќе го исвиркуваат премиерот Заев како што беше најавено или дали ќе бидат пеземени ригорозни мерки за тие што најавуваат дека ќе извикуваат “Никогаш Северна само Македонија” или “Ајде Заев п… ни го к….”.
Првиот пат кога беше извикувана оваа порака до Заев МВР се обиде да ги најде тие што ја користеа за да ги казни но не успеа да ги идентификува.
Никогаш предходно во свое соопштение на граѓаните не им се заканувало со ригорозност туку со заштита на законите и одржување на јавниот ред и мир затоа што законите не се спроведуваат ригирозно туку согласно уатавниот поредок.





