Оваа година во Bелеc нема да се одржи традиционалчната „Питијада“, соопшти градоначалникот Аце Коцевски, а предвидените 500.000 денари за манифестацијата ќе се пренаменат за противпожарната служба.
Коцевски очекува овој предлог да наиде на поддршка кај Советот на Општина Bелеc.
Предлогот на градоначалникот доаѓа по катастрофалниот пожар во околината на „Езерото „Младост“.





