Наместо народен лидер на Илинден во Крушево ќе говори платен глумец

За прв пат во историјата на Македонија на народниот собир на Мечкин Камен во Крушево во чест на Илинден нема да зборува народен лидер туку платен глумец кој ќе пренесува туѓи пораки.



Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил ја објави програмата за чествување на Илинден на Мечкин Камен.

Во рамките на централната свеченост Илинден ќе се чествува со:

– Пригодна реч за Никола Ристаноски со пораки за Илинден
– Ансамблот на македонски народни игри и песни „Танец“
– Ансамблот на албански народни ора и песни
– Влатко Стефановски
– Воениот оркестар на Армијата

За прв пат годинава ќе биде сменето и времето на манифестацијата која ќе биде во 18 часот, па наместо попладневни говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови.

За ВМРО-ДПМНЕ, ова е срамен и недржавнички потег, а идејата на Пендаровски е неприфатлива за лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Тој ќе остане верен на традицијата, па утре ќе присуствува во струшко Ташмаруништа и од таму како и минатата година ќе испрати порака.

Според Пендаровски била испратена покана и до ВМРО-ДПМНЕ и до Мицкоски, но засега е потврдено само присуството на делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до објавата на Пендаровски во која не се споменува Македонија

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=368051518019098&id=100044427579784