На просторот спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“ ќе се гради деловен објект наместо хотел и станбена зграда.
Општина Центар го прифатила барањето на бизнисменот Фатмир Етеми за спојување на двете градежни парцели во една и пренамена во деловни и комерцијални дејности, објави Сакам да Кажам.
Етеми е сопственик на двете градежни парцели откако прво ги откупи приватните имоти, а потоа во постапка за приватизација од Министерството за финансии го купи и државното земјиште по цена од 7 евра за квадрат.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека е прифатено барањето на инвеститорот бидејќи ако се гради во висина ќе се овозможи површина за повеќе зеленило.







