Граѓаните кои деновиве добиваат изводи од матичните книги за родени се изненадени бидејќи во графата за државјанство има коси црти.
Тоа може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска, објави „Плусинфо“.
Државјанството беше предмет на спогодба во договорот со Грција, каде се споменува како ќе биде дефинирано тоа во патните исправи.
„Државјанството на Втората страна ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи“, пишува во членот 1, став 3 од Преспанскиот договор.





