Еден од осумте членови на ДУИ кои упаднаа во просториите на контрола на летање, нападнаа контролор и ја загрозија безбедноста на македонското небо е Ерсен Сали кој претходно бил осуден на затворска казна од 1 година поради предизвикување на тешко дело против општата сигурност, дознава Радио Лидер од судски извори.
Во моментов, тој е еден од четворицата кои се наоѓаат во бегство за упадот во М-НАВ..
Ерсен Сали бил осуден затоа што со огнено оружје пукал во дуќан, а бил во придружба на други лица.
Тој не звршил во притвор по пукањето и не му била изречена никаква мерка за безбедност додека се водел случајот.
„Замислете, немало притвор а од него било запленето автоматско оружје. Ова е невидено“, вели извор од судството за Радио Лидер.
За делото Ерсен Сали бил осуден на една година затвор уште во 2022, но потоа се жалел па казната била преиначена во условна казна.





