Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го исчисти од графити споменикот на Гоце Делчев во скопскиот Градски парк, наместо тоа да го стората централната или локалната власт.
„Со овој чин го негуваме неговиот лик и дело. Изразуваме разочараност и апелираме градските власти да се грижат за културните споменици во градот. Гоце Делчев е една од најголемите фигури во македонската историја и не заслужува да биде занемарен.
Гоце Делчев е Македонија!“, порачаа од подмладокот на најголемата опозициска партија.
Пред два дена вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во името на Владата положи венец и цвеќе пред споменикот исчкртан со графити на 117-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер.






